
Ваква е глетката на целосно реновираната железничка станица во Прилеп, кога пристигнуваат новите супер модерни возови. Она што не така одамна беше сон и никој не можеше ни да го замисли, денес е реалност. Старите гарнитури на Македонски Железници речиси целосно да ги заборавивме. Мрачната и оставена на времето на заборав железничка станица доби целосно ново руво, како и чекалните, платото, пероните и осветлувањето, пишува маркукуле.мк.
Граѓаните задоволни се повеќе го користат железничкиот превоз, среќни што конечно уживаат во конфор и удобност при патувањето.
Ваква беше глетката вчера кога два нови воза се разминаа на станицата во Прилеп.