
Исчезна штитеничка на СОС Детско Село. Како што информира МВР, вчера околу 02.00 часот во полициската станица во Чаир, В.К., вработен во СОС Детско Село, пријавил дека исчезнала 18-годишната штитеничка К.М.
Девојката од домот во непознат правец се оддалечила во саботата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.