
Универзитетскиот професор Сашо Кожурхаров за телевизија Нова истакна дека Македонија се придржува кон проекциите кои ги има кои што се третирани на база на неколку сегменти,
-Тие сегменти пред сѐ базирани на компаративната анализа, базирани на проекциите врзани за увозот, домашната потрошувачка, класичниот извоз, директните инвестиции од странство, како и продолжување на задолжувањата, односно државниот долг, вели Кожухаров.
Тој додава дека мораме да го прифатиме оценувањето и од европските експерти дека ние сме во првите пет земји по економски раст во Европа.
-Дали сме први или петти е само прашање на методологијата, изјави професорот Кожухаров.