
Првата група туристи од Холандијана на охридскиот аеродром се очекува да ја пречекаат генералниот менаџер на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на туристичката агенција „Фибула Ер-травел“ Асим Меџедовиќ.
Во Охрид пролетва и летово се очекува освен туристи од Холандија да се одмараат и туристи од Белгија, Израел и Турција, но и од Јужна Кореја и Кина, туристи кои се дел од мапата на кружните Балкански тури од источните земји.