
Едно лице почина во тешката сообраќајна несреќа што вчера околу 06.30 часот се случила на магистралниот пат Битола-Ресен.
Како што информираат од МВР, В.Ј. (26) од Скопје, управувајќи автомобил „Фиат Стило“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна и излетал од коловозот.
Од здобиените повреди В.Ј. починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.
Истите по укажаната медицинска помош во болницата во Ресен, се префрлени во Клиничката Болница во Битола. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.