
Утре без вода ќе бидат дел од корисниците од скопските општини Чаир и Гази Баба.
Поради изведување на водоводен приклучок на главна цевка од Ф – 175 мм на раскрсница меѓу улиците Цветан Димов и Коста Абрашевиќ, во периодот од 09.00 до 14.00 часот без вода ќе останат корисниците од улиците Панче Неделковски, Чаирска, Цветан Димов и Севастополска, како и објектот на гинекологија Чаир и населба Гази Баба.