
Во кои професии жените се поуспешни од мажите?
Огласувањето и маркетингот се мошне важни затоа што се занимаваат со создавање на свеста и потребите. Нјаважно е да се идентификуваат потребите на купувачите и колку одредениот производ може да им притреба. Во оваа професија дефинитивно жените се поуспешни од мажите и со леснотија може да „им влезат во глава“ на потрошувачите и да создадат желба. Во времето во кое „сексот продава се“ жената многу подобро знае да ја креира понудата за производот на пазарот и да го рекламира.
Менаџер и супервајзер
Можеби ова на мажите ќе им звучи смешно, но жените доминираат и во оваа област. За разлика од мажите што само ќе размислуваат за проектот, жената многу повеќе енергија ќе вложи во своите вработени. Кога се во прашање подредените, жената е во состојба да ги охрабри и да ги мотивира да станат прво подобри луѓе, а на крајот работници.
Јогата потекнува од Индија и подразбира контрола на дишењето, медитација, различни телсесни положби и штање. При одредени положби во јогата женското тело е во предност. Жените се многу подобри од мажите затоа што се пофлексибилни и не им е срам да испуштаат одредени звуци што може да им бидат потребни. Мажите се подобри за натпреварувачки спортови за кои е потребна сила.
Гинеколог и акушер
Тие се занимаваат со репродуктивното здравје и половите органи на жените но и со одржување на бременоста и породувањето. Затоа е природно жените да бидат подобри затоа што оваа професија ја прифаќаат многу поинтимно. Докторките немаат само училишно знаење во оваа област туку и самите искусиле поголем дел од проблемите.
Медицински и патронажни сестри
Иако мажите се доста добри во овие професии, жените се на прво место. Оваа професија бара високо ниво на образование и доста емпатија. Поради децата жените се природни старатели и негуватели и во целост се предаваат на негувањето деца и повозрасни лица.
Воспитувачки
На жените им е во крвта да бидат подобро и да знаат како да се играат со децата додека ги образуваат. Тие имаат трпение да ги облекуваат мислите на детето и да ги развиваат неговите вештини, а воедно и да ги променат пелените сто пати дневно. Дури 98 отсто од вработените во оваа професија се жени.