
Државите-членки, кои ќе одлучат времено да не примаат мигранти, да плаќаат по 250 илјади евра за одбиен мигрант, предложи денеска Европската комисија.
Овој предлог е дел од измените на извештајот од Даблин. Според предложените измени отсега земјите од ЕУ, во кои мигрантите прво пристигнале ќе треба да ги разгледаат барањата за азил, пренесува МИА.
ЕК предлага и праведно раселување на мигранти во други земји од Унијата, кога некоја држава-членка ќе биде погодена од прекумерен прилив на мигранти. Проценката на тоа дали одредена земја е „прекумерно зафатена“ од прилив на мигранти ќе се се одредува според бројот на локалното население и животниот стандард.
Велика Британија и Ирска повторно имаат право да не ги применуваат измените, доколку тие бидат усвоени.