
Претставникот на локалната здравствена организација од областа Луганск, Лариса Ерапетијан, изјави дека во моментот на експлозијата во окното се наоѓале 20 рудари, јавија француските медиуми.
– Четворица рудари се префрлени во локалната болница заради здобиени изгореници. Најдовме едно тело, а деветмина рудари се уште се под урнатините, изјави Ерапетијан.
Таа додаде дека шансите за пронаоѓање на затрупаните рудари се „многу мали, бидејќи акумулацијата на гас е исклучително голема“, пренесуваат француските медиуми.
Во март 2015 година во Украина загинаа 32 рудари, исто така, заради експлозија на метан во рударско окно, јавуваат француските медиуми.