Попоски на конференција за Западен Балкан во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес во Брисел ќе учествува на Конференција за Западен Балкан, насловена „Европската иднина на Западен Балкан”.

Tеми на дискусија на Конференцијата, како што информираат од МНР, се европската перспектива на Западниот Балкан, доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања.

Во рамки на Конференцијата, министерот Попоски ќе оствари повеќе билатерални средби.

Конференцијата е организирана од страна на Европскaта народна партија, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс” и Фондацијата „Конрад Аденауер”.