
– Во Грција во моментов има вкупно 53.731 мигранти и баратели на азил, соопшти денеска грчката Влада.
Според најновите податоци, 29.277 мигранти и бегалци има во северна Грција, 13.981 во Атика, 8.212 на источните егејски острови и останатите се во разни делови од земјата.
Во последните 24 часа пристигнале 55 нови мигранти.