Експертите предупредуваат: Кризата да се реши за да не страда економијата

Според него има доволно инструменти и мерки што и стојат на располагање на НБРМ да се одбрани од ваквите случаи и ситуации. Тој апелираше дека мора оваа полтичика криза да се реши, во спротивно сите тонеме и економијата ќе пати.

Трпевски вели дека курсот на денарот сѐ уште е реален и се води политика на фиксен курс.

Народната банка на Република Македонија има доволно инструменти и девизни резерви за да се брани курсот. Мислам дека веќе е смирена ситуацијата и кулминацијата на паниката помина. Останува уште и политичката криза да биде решена и се надевам дека наскоро и тоа ќе се случи. Ако кризата продолжи не очекуваат алтернативни сценарија кои не се добри за државата. Сите мерки најавени се за зајакнување на позицијата на денарот. Каматите ќе бидат повисоки на денарските депозити и ќе се стимулира давање на денарски кредити, тоа се адекватни мерки бидејќи се е ставено во одбрана на денарот. Нема потреба од грижа, истакна тој.

Банките нема веднаш да ги зголемат каматните стапки

Банките се ликвидни и имаат доволно пари. Финансискиот сектор е стабилен и покрај турбуленциите кои се случуваат на пазарот. Првиот човек на Шпаркасе банка, Глигор Бишев, вели дека банките нема веднаш да ги зголемат каматните стапки, по одлуката на централната банка, туку ќе се прилагодат на ситуацијата.

Во таква покомплицирана политичка и економска ситуација ќе се обидеме во следните 10-15 денови да опстоиме. Најлошо е да имате јо-јо однесување, денеска да направите мерка а утре да видите дека таа мерка не била базирана на фундаменталните фактори, вели Бишев за ТВ Нова.

Според него, НБРМ да сакаше да повлече веднаш ликвидност, ќе го направеше тоа преку мерките, но ја оставија ликвидноста на банкарскиот сектор.

Тие кажаа…