
Индиската влада воведе нови 3Д печаки премини за поголема безбедност во сообраќајот. Целта на ваквите оптички илузии е да ги предупредат возачите да ја намалат брзината пред раскрсниците.
Фотографиите и видео снимките од ваквите пешачки премини почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи.
Индискиот министер за патнички транспорт Нитин Гадкари објави на Твитер фотографија од оптичката илузија на која се гледа како ознаката за пешачки премин или т.н. зебра се издигнува на патот.
Идејата потекнала од две жени во Ахмедабад во западна Индија. Саумја Пандја Такар и Шакунтала Пандја го развиле 3Д дизајнот со надеж дека ќе ги натераат возачите да ја намалат брзината на движење.
Инаку слични вакви експерименти биле воведени и во Кина во 2008-мата година.