
Познато е дека Викторија Бекам не излегува од дома без добри очила за сонце, па сосема беше очекувано во нејзината колекција да има линија и на овој моден додаток.
Новата колекција за есен и зима во фокус ги стави парчињата што може да се носат во секојдневниот живот и што беа лесно прилагодливи за сите видови облека, но сепак се мошне раскошни во смисла на изработката и користените материјали.
Омилените модели од претходните сезони сега се редизајнирани, а врвната изработка е видлива и во материјалите што се користат како и во силната текстура на рамките.