
Најмалку 52 лица загинале во судар на два автобуса и една цистерна со гориво, што денеска се случил на фрекфентен автопат во Авганистан, соопштија локалните власти.
Би-Би-Си пренесува дека во несреќата загинале најмалку 52 лица.
-Во несреќата, исто така, се повредени повеќе десетици лица, а се очекува бројот на жртвите да се зголеми, изјави портпаролот на гувернерот на источната авганистанска провинција Газни, Џавед Саланги, пренесоа американските медиуми.
Тој наведе дека 73 патници од автобусот се повредени и префрлени во болница и додаде дека документите покажуваат дека во двата автобуса во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 125 патници.
До сударот дошло на главниот автопат што ги поврзува престолнината Кабул и Кандахар, на југот од Авганистан, а возилата потоа се запалиле.
-Несреќата била предизвикана од невнимателно возење, рече директорот на локалната управа за сообраќај Мохамадула Ахмади.