
Сообраќајката се случи на улица Московска во скопската населба Тафталоџе кога две возила се судрија.
Едното заврши во бандера а другото на спротивната страна од коловозот по кое се движело. Во голфот возачот се задобил со повреди а се отворило и воздушното заштитно перниче додека на хундаито има поголема штета на задниот дел од возилото.
Луѓето од околните објекти велат дека на ова место се вози многу брзо и често има сообраќајки. И оваа сообраќајка според нив била резултат на брзо и невнимателно возење.