
Цените на нафтата во петокот на светските берзи се зголемија поради пожарите во Канада и ескалацијата на тензиите во Либија што ја поттикна загриженоста кај инвеститорите за снабдувањето на краток рок.
На лондонскиот пазар цената се зголеми за 1.11 $ и изнесуваше 45,73 $. На американскиот пазар нафта се тргува за 1,36 $ повисока цена, од 45,14 $.
Ваквиот тренд на раст на цените најавува ново поскапување на горивата во Македонија од вторник.
За очекување е цените да пораснат меѓу еден и два денари при следната корекција закажана за 16. мај.