
Се работи за зграда од 70 станови кои се наменети исклучво за лицата од социјален ризик. Инвестицијата е вредна околу 84 милиони денари и се очекува да биде завршена за две години.
-Сакам да потенцирам дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посебен акцент става на решавање на проблемот со социјално ранливите категории на граѓани. За таа цел веќе во фаза на изградба се вкупно 123 станови и тоа во Кочани 43, во Македонски Брод 10 стана, вклучувајќи ги и овие 70 во Гостивар, изјави министерот Мисајловски.
Се работи за зграда од две ламели со вкупно 70 станови што ги гради АД за стопанисување со станбен и деловен простор во соработка со Владата. Зградата е дел од програмата на Владата за изградба на станови за социјално ранливи категории на граѓани.
Директорот на ЈП за станбен простор Цветко Грозданов изјави дека динамиката на изградба се реализира и пред предвидените рокови и упати посебна благодарност до пратениците што се залжија за изградба на ваква зграда и во Гостивар.
-Во наредниот период ќе започнеме со изградба на вкупно 579 станови во Виница, Пехчево, Скопје, Свети Николе, Струмица и Пробиштип, изјави директорот на ЈП за станбен простор Цветко Грозданов.
Досега во рамките на програмата за лицата од социјален ризик се изградени 14 згради со вкупно 678 станови.