
Денеска почна асфалтирањето на локалниот пат до штипското село Суво Грло.
Инвестицијата за изградба на овој пат е три милиони денари, а освен овој пат во текот на наредните денови ќе се асфалтираат улици во селата Селце и Драгоево, а од среда во населбата Стар Карорман, каде што инвестицијата е околу три милиони денари.
Жителите на Суво Грло велат дека се благодарни што до нивното село ќе има асфалтиран пат, со кој ќе им се олесни пристапот до нивните куќи и земјоделско земјиште.