
Голем број граѓани на Штип денеска излегоа на собирот организиран од Граѓанското движење за одбрана на Македонија од каде упатија порака дека бараат одржување на изборите закажани за 5.јуни, а со цел крај на кризата која трае предолго.
Тие со себе носеа транспаренти со написот „Одбрана на Македонија“.