
Во населбата „Момин поток“ во Општина Карпош денеска беше пуштен во упореба обновен центар за логистика на Црвениот крст на Република Македонија, по повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 Мај и Деновите на Црвениот крст на РМ (8-15 маја.
– Центарот за логистика беше реконструиран за рекордни 105 дена и целосно ќе одговара на потребите на нашата институција, рече директорот на Црвениот крст на РМ Саит Саити на свеченоста на која присуствуваа и претставници од Меѓународниот црвен крст и Црвениот крст на Германијаи од Општина Карпош.
Саити информира дека Центарот за логистика е изграден со помош на Меѓународниот црвен крст, Црвениот крст на Германија, Шпаркасе банка и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.