
Сообраќајна несреќа се случила попладнево на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај тунелот по Дреновската клисура.
Во несреќата се повредени две лица, од кои едното потешко.
Сообраќајната несреќа се случила на границата на општините Кавадарци и Прилеп. Повредените со возило на Итна помош биле пренесени во прилепската болница.
Според првичните сознанија во несреќата учествувале голем и помал автобус, како и еден патнички автомобил.