
За рамен стомак не е потребно да се мачите и да правите бесконечен број на стомачни вежби.
Имено, еве ја најлесната вежба за постигнување рамен стомак, а што е најдобро, фитнес експертите тврдат дека е поефикасна и од вежби за стомачните мускули. Тајната на оваа вежба се крие во правилното дишење.
Во оваа вежба со дишење се активираат и се зајакнуваат најдлабоките стомачни мускули.
Ако правилно ја правите ќе го зајакнете средниот дел на телото и ’рбетот што ќе ви помогне да ја отстраните болката од долниот дел на грбот и ќе ви го подобри држењето. Ваквата техника на длабоко дишење и издишување на воздухот е дел од пилатесот и од јогата, но можете да ја правите и одвоено од овие вежби.
Како правилно да ја правите оваа вежба дознајте во приложеното видео: