
Полициска патрола ги прекинала неколкуте активисти кои сакале со овој графит да го одбележат Денот на победата над фашизмот и да потсетат на славното антифашистичко минато на Сплит.
На излегување од полиција, каде престојувал неколку часа, Гуркиниќ на новинарите на регионалната телевизија „N1“ им изјави дека полицајците му оддржале вистинска лекција за минатото.
„Каков антифашизам, тоа е комунизам, тоа е минато, тоа веќе не постои, никој веќе не го празнува Денот на победата над фашизмот, имаш среќа што не поминаа ветерани“, биле дел од забелешките на полицајците.
Гуркиниќ изјави дека ќе се жали пред Дирекцијата на полицијата и пред министерот за внатрешни работи Влахо Орепиќ.
– Државните институции и црквата ја поддржуваат фашизацијата на Хрватска. Совесниот и лојален граѓанин не може тоа само да го набљудува, тоа е премногу, рече Гуркиниќ за „N1“.