
Таа на пробата настапи во креацијата која ќе ја носи на полуфиналната вечер, заедно со своите придружни вокали Маја Саздановска, Марија Наумовска, Калина Велковска и Јулија Карамитрова-Огненоска. Креацијата е на нејзината долгогодишна соработничка Розе Трајчевска.
Калиопи со „Дона“ настапува на втората полуфинална вечер, на 12 мај, осма по ред.