
Неочекуваната оставка на австрискиот канцелар Вернер Фајман денес го наведе еден портал за потрага на работници во Австрија на шега да распише оглас за канцелар.
Сајтот „ jobportal.at“ на шега објави оглас под наслов „Канцелар / Полно работно време“.
Нашиот клиент е една европска земја со средна големина. Како канцелар преземате претседателство со владата и одговорност за вкупниот резултат. Ве очекува разновидна работа, се наведува во огласот, а за конкурирање, како што се наведува, пожелно е заинтересираните да имаат политичко искуство, но тоа, како што се додава, не е предуслов.
Заедно со повикот за конкурирање, во огласот се наведува дека се нуди бруто плата од 21.715, 50 евра „без разлика на квалификациите и искуството“.