
Млад маж рано утрово со нож нападнал неколку патници на железничката станица Графинг во близина на Минхен, пренесува „Раша тудеј“, повикувајќи се на радиото Бајеришер Рундфунк.
Според информациите, 4 лица се повредени. Полицијата ги проверува исказите на очевидците, според кои мажот извикал „Алаху Акбар“ за време на нападот.
Тамошната полиција јавува дека едно лице е посериозно повредено, додека три други претрпеле полесни повреди. Исто така, напаѓачот бил уапсен на местото, а претходно немал криминално досие.
Во моментов пристапот до железничката станица е делумно блокиран, а се очекува дека ќе има и значителни одложувања во распоредот на железницата.