
– Се работи за позитивен сигнал со самиот факт што Германија покажува интерес дека сака да биде подиректно вклучена во процесите кои се случуваат во нашиот поширок регион и конкретно во РМ. Има најмалку две работи за кои Германија може да ни помогне. Првата се однесува на зацврстување на кредибилитетот на повеќе повторени ветувања за тоа дека Македонија има иднина во рамки на ЕУ. И мислам дека тоа е сигнал кој треба да го очекуваме од Берлин. И втората работа е сигналот дека постои интерес кај Германија да биде вклучена со што де факто се испраќа и сигнал дека не сме оставени сами на себе во еден долг временски период да имаме неизвесност околу можностите воопшто да се приближуваме кон ЕУ во услови во кои самата ЕУ е соочена со сопствени предизвици – рече Попоски кој денеска се обрати на предавање пред студентите од Виенската дипломатска академија во македонското МНР.
Запрашан до каде е процесот за наоѓање решение за политичката криза, посочи дека час поскоро постигнување решение е подобро и повтори дека какво било решение треба да биде производ на македонските политички фактори во РМ, бидејќи, вели, само такво решение може да биде одржливо на подолг временски период.