
Хрватската Влада на телефонска седница одлучи да ги продаде државните удели во компаниите ACI, Кроација Ерлајнз, Пристаништето Риека, Кроација банка, Петрохемија, Кончар Електроиндустрија, Подравка и Кроација Осигурување.
Владата во образложението наведе дека по консултациите со Министерството за финансии е утврдено дека со акциите на тие компании не треба да управува Државната канцеларија за управување со државен имот, посебно затоа што и со Стратегијата на управување и располагање со државен имот за периодот од 2013-2017 се предвидува приватизација и евентуална продажба на тие компании.
Продажбата на нестратешките трговски друштва од државна сопственост може да започне кога ќе се остварат предусловите во измената на законската и подзаконската рамка, а рокот за спроведување е јуни 2016-тата, се наведува во владината одлука.