Мигранти од Грција со пливање се враќаат во Турција

Шестмина мигранти изморени од чекање на грчкиот остров Хиос решиле да се вратат назад во Турција со пливање, јавува Ктимерини, повикувајќи се на информации од крајбрежната полиција.

Полицијата информира дека две групи пливачи биле спасени во понеделникот и вторникот на неколку стотици метри од островот. Турското крајбрежје што е оддалечено само 9 наутички милји е видливо од островот.

Првата група биле шетворица Ирачани што се обидоа до испливаат назад, а сеуште не е во целост јасно кои се лицата што биле во втората група.

Според договорот помеѓу ЕУ и Турција сите илегални мигранти што ќе пристигнат на грчките острови се соочуваат со фактот дека ќе бидат депортирани во Турција. Целта е да се обесхрабрат мигрантите да го преминуваат Егејското Море.