
Британски ловци од типот „Тајфун“ пресретнаа три руски транспортни авиони, кои се приближуваа кон балтичките држави, соопшти денеска Министертсвото за одбрана на Велика Британија.
Во соопштението се посочува дека британските авиони полетале од базата „Амари“ во Естонија и ги пресретнале руските летала кои не емитувале идентификациска шифра и не одговарале на повиците.
– Веднаш одговоривме на овој акт на руска агресија, демонстиррајќи ја нашата просветеност на колективната одбрана на НАТО, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон.