
Мажите ја обожаваат позата во која што жената е горе. За да ја зачините играта еве неколку работи што можете да ги направите и тој да полуди по вас.
Масирајте ги градите
Прво со нежни движење поминувајте со прстите преку брадавиците, а потоа почнете благо да ги масирате. Со силен стисок споете ги градите, зафрлете ја главата наназад и длабоко вдишете.
Клекнете
Наместо да седите на него со раширени нозе, клекнете така што стопалата ќе ви бидат покрај неговите колкови. Така ќе имате подобра контрола на движењето и полесно ќе го кревате задникот горе-долу. Цело време додека го правите ова гледајте го во очи.
Соберете ги колената
Кога ќе ги соберете колената додека седите на него, се стегаат вагиналните мускули, а со тоа нему му пружате неверојатно уживање. Правете го ова периодично, на смена со кревањето на колковите горе-долу.
Допирајте го клиторисот
Додека сте вие горе тој има јасен поглед на целото ваше тело, па така и на вагиналниот дел. Ништо не ги возбудува мажите повеќе од тоа да ја посматраат жената како мастурбира. Додека ги нишате колковите, допирајте го клиторисот во ритамот што ви одговара и препуштете се на уживањето. Кога ќе види колку сте возбудени и тој ќе стигне на врвот.