Што може да се случи ако не ја менувате редовно долната облека?

Бидете искрени и признајте дека тоа барем еднаш ви се случило. Сигурно сте си помислиле: „Ништо неможе да ми се случи, само два дена ја носев истата долга облека“. Немојте да се залажувате. Еве што може да ви се случи:

  1. Претерано чешање. Сетете се дека бактериите што се задржуваат на долната облека може да преминат на кожата. Тоа ќе го иритира подрачјето и ќе предизвика чешање. По ова следува осип и силна иритација. Ако се опуштите и ако го занемарите ова, може да се создадат сериозни повреди, како отворени рани.
  2. Непријатен мирис. Бактериите, пецкањето и сите нечисти материјали може да направат доста измешани мириси. Вашите гениталии мора да имаат доволно свеж воздух за да бидат здрави.
  3. Ако вежбате и многу се потите, тоа ќе предизвика прекумерна влага. Влажната долна облека е идеална „почва“ за создадавање бактерии. За да го избегнете тоа, туширајте се веднаш по тренингот и секогаш носете памучни гаќи. Најлонот и чипката се уште еден фактор за ризик од инфекција.
  4. Инфекциите на мокрачниот систем се еден од најчошите проблеми кај жените. Пецкањето за време на мокрењето е неподносливо од време на време. Ако не се лекува ќе се претвори во инфекција на бубрезите.

Затоа, поради сето она што погоре е наведено, долната облека морате да ја менувате еднаш дневно. Тоа ќе ви го кажат и сите лекари.