
На 40-годишниот Тоти, актуелниот договор со Рома му истекува ова лето, а „Газета дело Спорт“ тврди дека претседателот на клубот Џејмс Палота кон крајот на мај официјално ќе објави дека Тоти останува уште една година во клубот.
Според новиот договор ќе заработи 1,1 милиони за една сезона. Покрај тоа, Тоти има отворена понуда по завршувањето на фудбалската кариера да ја преземе директорската функција во клубот.
Тој за „волчицата“ дебитираше 1992 година и оттогаш одиграл 757 натпревари и постигнал 304 голови.