Излекувајте ги проширените вени по природен пат

Дивиот костен е одличен лек за лекување проширени вени. Ова растение влијае на намалување на симптомите како што се: проширени вени, болка, замор, оток на нозете…

div-kosten

Состојката на дивиот костен – есцинот- благопријатно дејствува на стабилизацијата на ѕидовите на крвните садови и со самото тоа на намалување на отокот и болката. Дивиот костен ги намалува воспалителните процеси, ја зголемува цврстината на крвните садови, го зголемува отпорот на венските капилари и ја намалува попустливоста за течност, па на тој начин се намалува оптоварувањето на венските крвни садови и на отокот. Дивиот костен ќе ве ослободи од чувството на тежина во нозете, ги намалува болкуте и грчевите.

Мелем од див костен

Наберете десет поголеми плодови од див костен. Измелете ги колку можете поситно и ставете ги во помала тегла. Прелејте со 2 дл алкохол (или со ракија препеченица). Теглата со оваа смеса оставете ја на сонце 7 недели.

По тој период добиената смеса процедете ја и ставете ја во помало шишенце, па секојдневно благо измасирајте ги болните места со оваа течност.

Маст од невен

Наберете невен…