
Секој маж сака потврда за својата сексуална моќ и потврда дека добро се „покажал“. Ви откриваме пет нешта што секоја жена потајно ги посакува, а кои ќе ја доведат до точка на „вриење“.
Кога станува збор за секс, совети никогаш не се доволно. Секоја новост може да придонесе за исполнување на сексуалните фантазии.
- Да ја крене
На голем број жени им се допаѓа идејата мажот да ја „зграпчи“ и да ја крене и да ја потпре до ѕид. Превземањето на контролата со страсни бакнежи ќе и покаже колку е неодолива. И самата помисла на такво сценарио може да биде возбудлива.
- Да биде помалку груб
Некои жени велат дека се изненадени колку мажите во сексот несакаат да покажат „грубост“. Притоа тука мислиме на заводлива секси дрскост и дозирана „грубост“ која ќе ја доведе жената до точка на „вриење“.
- Да ја врзе
Некои жени ги сакаат игрите на доминација. Врзувањето со свилен шал е секси сценарио во кое таа е беспомошна и му се препушта нему.
- Полека да ја соблече
Страственото „соблекување“ на облеката секако е пожелно, но бавното соблекување, бавното потпалување на огнот, уживањето во секој дел од нејзиното тело, за поголемиот број жени, може да биде доста возбудливо.
- Да иницира секс во јавност
Никој несака да направи некој прекршок, но ненадејното сопирање на лифтот и сексот на брзина не е нешто што не е изводливо. Со доаѓањето на потоплите денови има и повеќе можности. Сепак како и да е, за оваа авантура ќе ви биде потребна дополнителна внимателност.