
Со транспаренти и пароли, гевгеличани ги пречекаа вчера евроамбасадорот Аиво Орав и британскиот амбасадор Чарлс Герет, кои беа во посета на нивната општина.
„Македонскиот народ никогаш нема да го избере или да го прифати аболицираниот Заев“, „Македонија го враќа своето античко достоинство“, „Вашата улога во оваа криза е осудена од македонскиот народ, сакаме крај на оваа криза“, „Народот и само народот ќе одлучува за својата судбина“ …
Ова се само дел од пораките што вчера гевгеличани ги упатија до амбасадорите, а што може да се видат на фотографиите што до редакцијата на Нетпрес ги испрати наш читател.
Гевгеличани со раширени транспаренти напишани на англиски јазик ги пречекаа возилата со кои амбасадорите допатуваа во нивниот град.
Инаку, евроамбасадорот, Аиво Орав и Британскиот амбасадор, Чарлс Гарет при посетата во Гевгелија порачаа дека е неопходно што поскоро да се најде решение за политичката криза во Македонија. Дипломатите изразија надеж дека преку исполнување на договореното Македонија ќе излезе од ќорсокак.