
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен западен и југозападен ветер, повторно поизразен во западните делови, особено на повисоките места и планините, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/ч. Попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во северните делови.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната температура ќе се движи од 20 до 29 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Од понеделник правецот на ветерот ќе се промени во северен и температурите ќе опаднат, па во вторник се очекува да се движат од 15 до 22 степена.