Чистење на Порта Македонија

Од Музејот на македонската борба соопштија дека утрово ќе се чисти фасадата на објектот Порта Македонија.

– По неколкунеделното вандализирање на објектот констатирани се сериозни оштетувања на фасадата кои ќе се обидат да ги санираат стручни служби, информираат од Музејот на македонската борба.