
Mладите од ВМРО ДПМНЕ од Струмица порачаа наместо да бидат обоени реализираните проекти, да се обојат неисполнетите ветувања.
Во индустриската зона ,,Сачево“ членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од градоначалникот на Струмица, Зоран Заев ги побараа најавените 300 фабрики и 3.000 вработувања притоа симболично поставувајќи транспарент со нацртана фабрика кој според нив бил споменикот на сите неисполнети ветувања на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ.