
Фотографија на која претставникот на Русија на Евросонг позира потполно гол во друштво на девојка врзана за радијатор со пила во забите предизвика лавина реакции и обвинувачки текстови во британските таблоиди, како и тврдења дека станува збор за порно снимка која го предизвикала вниманието и на самиот руски политички врв.
Како што тврдат британските таблоиди “The Sun” и “Daily Mail“, во прашање се порно фотографии на рускиот претставник Сергеј Лазарев кој до самото финале беше фаворит, а по гласањето го зазеде третото место.
Но, ПР тимот на Лазарев се огласи по објавените текстови на западните таблоиди и рече дека фотографиите се направени во 2008 година за уметничкиот проект „Познатите против насилството во семејството“.
Британските медиуми отидоа уште подалеку во своите тврдења па дури изнесоа и податок дека Кремљ знае за спорната фотографија, како и дека токму од Кремљ минатиот месец се обиделе потполно да ги избришат од интернет за да не ја загрозат кариерата на рускиот пејач.