
Претседателот Хуан Мануел Сантос напиша на Твитер дека тоа е најголемото количество запленета дрога во историјата на јужноамериканската држава.
Кокаинот е откриен во провинцијата Антиокија, пишува весникот „Тиемпо“ и додава дека најверојатно тој му припаѓа на криминалниот синдикат „Лос Урабенос“, кој се смета за најмоќна криминална организација во Колумбија, чии членови се претежно поранешни борци од крајнодесничарски милитаристички групи.