Полиција од Албанија уништи 20 илјади садници марихуана

– Петнаесет илјади садници се уште беа како расад, додека пет илјади беа засадени и достигнуваа висина до 30 сантиметри. По лоцирањето на местото полицијата изврши уништување со палење, стои во полициското соопштение.

Местото каде што се развивал расадот и парцелата со веќе засадената марихуана се во планински предел, а полицијата води истрага за да ги иднтификува лицата кои го одгледувале канабисот.

Претходно, полицијата од Ѓирокастро, исто така во јужнот дел на Албанија, уништи шест илјади садници марихуана. При тоа, беше уапсено и едно лице, жител на селото Бечиште кај Тепелена.