ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е еден технички министер како Ременски да кажува кој е новинар во Македонија, а кој не е

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува срамните закани на техничкиот министер Фросина Ременски и нејзиниот незаконски унапреден сопруг упатени кон новинари и медиуми кои не работат по налог на СДСМ.

Тоа што Оливер Спасовски незаконски го награди со висока функција во УБК сопругот на Фросина Ременски не му дава за право да ги злоупотребува овластувањата и јавно преку фејсбук да напаѓа новинари вршејќи директен притисок и загрозување на слободата на говор и информирање.

Срамно е што еден технички назначен министер како Фросина Ременски и нејзиниот партиски унапреден сопруг да се дрзнуваат и да кажуваат кој во Македонија е новинар, а кој квази-новинар.

Ваквиот недоличен однос на сопружниците Ременски е само продолжение во низата испади на СДСМ кон медиумите врз кои што немаат контрола.

„Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, вие сте српски шпиуни, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Ова е речник на Зоран Заев кон телевизиите кои не се покоруваат на тоталитарниот медиумски дискурс на СДСМ. Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија.

„Свињо една, си дошол од Кавадарци тука да ми се правиш главен“ – ова е речникот на братучедот на Радмила Шеќеринска кон новинарите кои не се на платен список на неговата братучетка.

На новинарите со затвор јавно преку фејсбук им се закануваше портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Хулиганите на СДСМ физички напаѓаа новинари и демолираа редакции кои се означени како непријатели на СДСМ од страна на Заев.

Активистите на СДСМ на новинарите врз кои СДСМ организира хајки им се закануваа дека ќе ги влечат по улици.

За Заев, како што кажа самиот тој, најголем политички непријател се медиумите кои не се под негова контрола. Скандалозно и апсурдно.

За Заев и СДСМ добри новинари и медиуми се оние кои седат на кафанска маса со него, учествуваат во вандалските протести во кои се сквернават споменици и се напаѓа полицијата и му отстапуваат илјадници секунди секој ден за промовирање на манипулациите и деструктивните кампањи на СДСМ.