
– И покрај неодамнешниот напредок ширум светот, речиси 80 законодваства и натаму истополовите односи ги третираат како прекршок. Во многу места дискриминацијата и насилството врз лезбејските, хомосексуалните, бисексуалните, трансродните и интерсексуалните лица е секојдневна појава, предупреди Могерини.
Европската унија повторно ги повикува сите влади во светот да ги почитуваат своите меѓународни обврски на полето на човековите права, да ја отфрлат нетолеранцијата и да промовираат еднаквост, како што наложува Универзалната декларација за човекови права и другите инструменти, се додава во соопштението на Европската служба за надворешни работи.