
Музичарката Шинејд О’Конор која се водеше за исчезната е најдена жива. Полицијата за Би Би Си вели дека пејачката е најдена и дека сеуште се проверува здравствената состојба на 49- годишната Шинејд.
Нејзиниот живот веќе не е загрозен, таа се наоѓа на безбедно, гласеше соопштението.
За потсетување, O’Конор наводно со велосипед го напуштила местото каде што живее во шест часот по локално време и не се вратила до наредниот ден.