
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која, како што наведува на неговиот Фејсбук профил, ќе се овозможи повторно заседание на Собранието.
– Ја поздравувам денешната одлука на Уставниот суд со која се овозможува враќање на работата на Собранието, како прв чекор и неопходен за решавање на сериозната политичка криза. Ги повикувам сите лидери, медиумите и граѓанското општество да дејствуваат со целосна одговорност имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа нашата земја и да се придонесе за враќање на безбедноста, стабилноста и силно да се заложат за сериозната реформска агенда, наведува Ахмети на Фејсбук.