
Руската Дума денеска го изгласа предлог-законот за формирање на национална гарда. „Против“ предлог-законот се изјаснија комунистите.
Претседателот Владимир Путин пред еден месец најави формирање на национална гарда, а процесот ќе го надгледува неговиот поранешен телохранител Виктор Золотов.
Путин тогаш прецизира дека гардата ќе биде фокусирана на борба против екстремизмот и организираниот криминал, додека дел од критичарите тврдат дека формирањето на гардата е одраз на стравот на Кремљ од евентуални протести поради економската криза.
Комунистот Вјачеслав Тетекин истакна дека формирањето на нациоалана гарда е поврзано со влошувањето на социјалната и економската ситуација во земјата.