Дваесет годишна жителка на Кочани заврши на скопската Клиника за токсикологија откако претходно се затрула со лекови.
Како што јавува МВР, вчера околу 22,10 часот девојката била донесена во болницата во Кочани со возило на Брза Помош.
Д.П. била во неконтактибилна состојба, откако претходно се затрула со лекови. По укажаната лекарска помош и поради сериозноста на состојбата во која се наоѓала, истата била препратена во Клиничкиот Центар -Скопје-Одделение за токсикологија за понатамошно лекување.