
Досега се заклани и нештетно уништени 362 грла, а се утврдени 53 жаришта во 14 општини, Демир Капија, Штип, Радовиш, Делчево, Босилово, Василево, Дојран, Ново Село, Валандово, Пехчево, Берово, Виница, Гевгелија и Македонска Каменица.
– Бројот на заболени и афектирани животни е 0,3 отсто од вкупната популација говеда во земјава што е многу помалку во споредба со соседните земји (Бугарија и Грција) каде бројката достигнува до 7,5 илјади, информира АХВ.
Според Агенцијата, навреме се преземаат сите мерки за заштита и за спречување на ширењето на болеста. Наскоро треба да пристигнат вакцините.
– До тогаш апелираме сточарите да се придржуваат до препораките за заштита на животните и фармите зашто само со соодветно и навремено преземени превентивни и мерки за заштита може да очекуваме дека бројот на заболени грла нема рапидно да се зголемува, наведува АХВ.